Правна напомена
За да овозможи подобра интеракција со потрошувачите, Друштвото за маркетинг услуги Lyoness Македонија ДОО Скопје (во натамошниот текст: (Lyoness) користи профили на друштвените мрежи Facebook, Twitter и YouTube.
Страницата на Lyoness е поставена како неутрална и таквиот статус ке го задржи и во иднина.
Сите лични линкови за препорака ќе бидат избришани без претходна најава.
Сит
е профили поставени на горенаведените друштвени мрежи на Lyoness се направени и поставени единствено со цел да се подобри и олесни комуникацијата со потрошувачите.
Друштвените профили користени од страна на Lyoness не смеат да се сметаат како официјален веб сајт на Lyoness. Lyoness ќе се обиде да доставува точни информации на сите друштвени профили, но за официјални, детални и ажурирани информации во врска со услугите и производите на Lyoness корисниците треба да го посетат официјалниот веб сајт на Lyoness,да се јават во контакт центарот на Lyoness или да го посетат седиштето на Lyoness.
Друштвените профили исто така не смеат да се сметаат за веб страница на која се пружа официјална поддршка за корисниците и претплатниците. Детални, ажурирани и официјални информации во врска со технички прашања на Lyoness, како и прашања кои се однесуваат на услугите на Lyoness можат да се добијат од официјалниот веб сајт на Lyoness. Lyoness не врши претходна модерација на објавените содржини од страна на корисниците на профилите и не сноси никаква одговорност за сите објавени коментари и други материјали од страна на корисниците на друштвените мрежи. Lyoness го задржува правото на своја дискреција да брише неетички, нелегални, омаловажувачки или на друг начин навредливи содржини. Lyoness понекогаш на своите друштвени профили може да објави линкови до други сајтови и сервиси над кои нема никаква контрола. Посетувањето на сите тие линкови корисниците го вршат исклучиво на нивна одговорност. Lyoness собира, обработува, користи и чува лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци, во согласност со позитивните прописи на Република Македонија, во согласност со интерните акти на Lyoness и согласно условите за користење и полисите за приватност на користените сервиси. Lyoness нема да ги користи личните податоци од профилите на корисниците за ниту една цел, вклучителни и маркетинг цели.
Со пристап на друштвените профили на Lyoness, давате согласност дека сте ја прочитале и разбрале оваа Правна напомена и дека ги прифаќате условите од оваа Правна напомена.