Knigoteka

Knigoteka Добредојдовте на официјалната Facebook страница на Книгот

📚Поради нејзината невообичаена форма и содржина во времето кога се појавила, комедијата Женидбата на Фигаро предизвикала...
08/01/2023

📚Поради нејзината невообичаена форма и содржина во времето кога се појавила, комедијата Женидбата на Фигаро предизвикала вистинска револуција во книжевноста! Поради густината и важноста на многу прашања (за страста и неверството, за борбата со интимни и јавни искушенија, за можноста на општествените промени, за револуцијата и нејзините заразни илузии…) пиесата Женидбата на Фигаро многумина ја прогласиле дури и за предизвикувач на Француската револуција! Оваа пиеса е една од најславните комедии на сите времиња.
https://bit.ly/3Z7o9ay

📚После разводот, младата и привлечна мајка Соња, се обидува да го добие и да го задржи старателството над нејзиниот син....
08/01/2023

📚После разводот, младата и привлечна мајка Соња, се обидува да го добие и да го задржи старателството над нејзиниот син. Во исклучително тешка животна ситуација, таа се впушта во шверц на кокаин за Исланд и одеднаш е заглавена во канџите на безмилосниот криминален свет. Додека очајно го бара излезот од неволјите, уценета и крваво претепана, таа е принудена да применува нови и смели тактики, но не успева да го надму­дри Браги – цариникот со долгогодишно искуство. Најинтересно е кој стои на врвот на меѓународниот нарко октопод! Работите стануваат уште покомпликувани затоа што Соња е во врска со жена. И тоа со Агла, некогашната висока менаџерка на банка, која ја гонат заради последиците од финансискиот колапс на Исланд.
https://bit.ly/3vDzUs2

📣📣📣Последен ден од акцијата 30% попуст на сите електронски изданија во Книготека! 📚📚📚➡ https://ebooks.knigoteka.mk
08/01/2023

📣📣📣Последен ден од акцијата 30% попуст на сите електронски изданија во Книготека! 📚📚📚
https://ebooks.knigoteka.mk

📚Доволен е само еден збор за да воскреснат духовите од минатото! Бастанската трилогија продолжува со уште една маестралн...
07/01/2023

📚Доволен е само еден збор за да воскреснат духовите од минатото! Бастанската трилогија продолжува со уште една маестрално раскажана приказна во чие средиште е непоколебливата инспекторка Амаја Саласар. Една година по апсењето на Јасон Медина поради силување и убиство на паштерката, инспекторката од Регионалната полиција Амаја Саласар има уште една обврска пред да отиде на породилно отсуство – да присуствува на судењето на Медина. Ненадејно судијата објавува дека судењето се прекинува. Тоа предизвикува општа вознемиреност кај присутните, но судијата нема избор. Обвинетиот се самоубил во тоалетот и оставил мистериозна порака за Амаја, писмо со само еден збор: „Тарттало“. Што крие мистериозната порака што упатува на мрачно суштество од баскиската митологија? За да ја открие вистината, Амаја повторно ќе мора да се соочи со своите стравови од минатото и да се врати во родниот крај, во кој истрагата ќе добие застрашувачки заплет.
https://bit.ly/3IpLKgP

📚Пред четири години… Прекрасниот, харизматичен и спонтан Ли изгледа премногу совршен за да биде реален. Пријателките на ...
07/01/2023

📚Пред четири години… Прекрасниот, харизматичен и спонтан Ли изгледа премногу совршен за да биде реален. Пријателките на Кетрин очигледно се согласуваат, бидејќи секоја една од нив паѓа на неговиот шарм. Но она што почнува како силна привлечност и страсен с**с се претвора во нездрава љубомора и Кетрин сфаќа дека Ли има и една друга, многу помрачна страна. Неговото агресивно и посесивно однесување почнува страшно да ја плаши, но никој не ѝ верува кога таа ќе ги сподели своите стравови. Контролирана во секоја секунда од денот и изолирана од сѐ, скриена во најмрачниот агол од нејзиниот свет, очајната Кетрин прави план за бегство. После четири години… Ли е зад решетки, а Кетрин – сега Кети – опседнато ги проверува вратите и прозорите од нејзиниот стан, бидејќи не верува никому. Kога атрактивниот сосед, Стјуарт, влегува во нејзиниот живот, Кети конечно се осмелува да се надева дека љубовта и среќата можеби се можни и после сѐ… до денот кога добива телефонски повик со известување дека Ли наскоро излегува од затвор.
https://bit.ly/3WGPbEn

📚Песни за деца што ги кажуваат првите зборови до деца што одат на училиште, а од перото на баба Вера Лилиќ. Тука се сите...
07/01/2023

📚Песни за деца што ги кажуваат првите зборови до деца што одат на училиште, а од перото на баба Вера Лилиќ. Тука се сите овошја, зеленчуци, витамини и вкусни плодови. Тука се сите животни од зоолошката градина и од шумата. Тука се сите годишни времиња и промени на природата. Тука се сите детски универзуми: родителите, игрите, другарствата, симпатиите, занимациите и првите оцени. Ова се песни за сите деца што растат и се радуваат!
https://bit.ly/3iaabEe

📚Приказна за битката на поединецот против корумпираниот систем. „Втор откос“ е роман, во кој преку главниот лик Симон, в...
06/01/2023

📚Приказна за битката на поединецот против корумпираниот систем. „Втор откос“ е роман, во кој преку главниот лик Симон, војник специјалец, добиваме слика за тоа како во секој од нас постои она двојство на добро и зло. На човек и ѕвер. На грижлив татко и сопруг од една страна и тренирана машина за убивање, од друга. За грдото лице на војната и она што таа го прави од луѓето. За корумпираноста на системот... Човечките судбини... Потребата да се биде херој... Приказна што ве држи напнати од пресврт до пресврт, до самиот крај.
https://bit.ly/3WKEr7I

📚Романот „Возовите на Луцерн“ е структуриран во три целини именувани според местото на престој и работа на штотуку дипло...
06/01/2023

📚Романот „Возовите на Луцерн“ е структуриран во три целини именувани според местото на престој и работа на штотуку дипломирана девојка од Македонија, која тргнува во белиот свет по тривијална потрага по лебот насушен, но и со софистицирана цел да го усоврши францускиот јазик. Оваа дијаметрална спротивставеност распната меѓу можностите и желбите се претвора во своевиден уметничколитературен триаголник со семиотичкото вклучување на една мошне експлоатирана тема во современата светска книжевност - потрагата по сопствениот идентитет.
https://bit.ly/3VCyatu

📚Кога лекувањето на познатиот актер Ралф Мајер ќе тргне во погрешна насока и тој умира, доктор Марк Схлосер мора да дојд...
06/01/2023

📚Кога лекувањето на познатиот актер Ралф Мајер ќе тргне во погрешна насока и тој умира, доктор Марк Схлосер мора да дојде до некои одговори. Иако лично не е премногу засегнат од смртта на актерот, угледот е сè во неговата професија. Марк знае дека не може вечно да се крие од вистината. Сè почнува минатото лето. Докторот, неговата сопруга и нивните две убави ќерки тинејџерки поминуваат една недела на Медитеранот, во викендичката на семејството Мајер. Покрај домаќините тука се уште и филмскиот режисер Стенли Форбс и неговата млада девојка. Друштвото ужива во сончевите денови, доброто вино и излетите на плажа, но, кога еден насилен настан ќе ја наруши идилата, се откриваат мрачните пориви и одеднаш никому не може да му се верува. Прекрасното летување се претвора во кошмар, а на површина испливува и поврзаноста меѓу подоцнежната смрт на Ралф и вознемирувачката реалност скриена зад летната трагедија.
https://bit.ly/3jKgM8W

📚Лошите работи некогаш можат да нè доведат до нешто убаво. А оние луѓе што на прв поглед изгледаат чудно, па дури и опас...
06/01/2023

📚Лошите работи некогаш можат да нè доведат до нешто убаво. А оние луѓе што на прв поглед изгледаат чудно, па дури и опасно, можат да ни станат најдобри пријатели. Дури и повеќе од тоа… Во потрагата по семејните корени, се случуваат вистински драми, а навлегувајќи во светот на возрасните, Каси ја доживува и својата прва вистинска љубов. „Саботна бура“ се занимава со прашањето да се бега или да се бори?!
https://bit.ly/3QaoDc6

📚Приказната во „Пукнатина“ започнува со пронаоѓањето на стари аудиозаписи на плочи во една стара душевна болница. Загадо...
05/01/2023

📚Приказната во „Пукнатина“ започнува со пронаоѓањето на стари аудиозаписи на плочи во една стара душевна болница. Загадочната исповед на лунатикот Валтер Фишер го води нараторот во потрага по вистината во една од најголемите словачки мистерии – онаа за исчезнувањето на луѓе на планината Трибеч. Низ романот се провлекува симболиката на „пукнатината“ помеѓу два света, помеѓу рационалното и ирационалното, видливото и невидливото, она што може да се докаже, но и она што може само да се насетува со „шестото сетило“. Легенда, намерна мистификација или застрашувачка реалност? Ова прашање си го поставува и самиот автор, наведувајќи го читателот да го пронајде вистинскиот одговор.
https://bit.ly/3GaUlkW

📚Според тематиката на пактови со ѓаволот, силувања, развратности, убиства и атмосферата на руинирани замоци, духови и сл...
05/01/2023

📚Според тематиката на пактови со ѓаволот, силувања, развратности, убиства и атмосферата на руинирани замоци, духови и слики на шпанската инквизиција, романот всушност е мерка и компендиум на готскиот стил. Амброзио, како човек кој е блудник и кој им подлегнува на сопствените пориви, како и човек којшто се предава на с**суални престапи зад ѕидовите на манастирите, е богато портретиран злосторник, како и персонификација на големата доза на недоверба кон католичката црква, со неговите упорни практики поврзани со сакраментите на покајанието, со политичкиот и религискиот авторитаризам, како и со блудниот стил на живот
https://bit.ly/3ChzueD

Address

11 Oktomvri 33 A
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Knigoteka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Knigoteka:

Share

Category