27/12/2024
„Со секој следен вез се чувствувам посмирена и присутна во моментот во кој се наоѓам“.
_
Мила Стаматовска, која стои зад StitchMe Embroidery (Stitch Me Embroidery), со своите изработки ја спојува убавината на традиционалниот рачен вез со модерната естетика.
_
Традицијата која ја имаме треба да ја негуваме, но мораме и да се прилагодиме на новите нешта кои доаѓаат. Секое парче кое е дел од колекцијата на StitchMe со себе носи приказна која се раскажува низ конците со кои е извезено. Само по себе претставува функционално уметничко дело што додава уникатност и креативност во сечие секојдневие.