31/05/2026
По повод 44-то традиционално искачување на Титов Врв, П.К. "Љуботен" организираа меѓудругото и планински базар на кој имавме чест и задоволство да бидеме учесници и ние. 🤘
Позитивна енергија, смеа, детски џагор, досетки меѓу планинарите, поглед кој мами воздишки (и слика ставивме да ви биде малку криво), ПРЕ КРА СНО си поминавме. 🍀🫶
Девојките и момците од организациониот одбор заслужуваат десет плус. На ниво на задачата ,баш како што еден клуб кој опстојува 101 година заслужува искрена пофалба. Браво! 👏
Нема што, и наредна година се гледаме задолжително 😁 ♥️