21/03/2018
На ден пред денот на самохраните родители во САД, нашето Министерство за Труд и Социјална политика донесе Правилник според кој сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за сместување на дете во детска градинка.
Во 1984 во Претседателот на САД Роналд Реган го назначил 21 март како Национален Ден на Самохраните родители за да им оддаде призанние на оние храбри луѓето кои ги одгледуваат своите деца сами, и во многу случаи без мрежа на поддршка.
Повеќето самохрани родители немале таква замисла за себе кога станале родители. Самохраното родителство обично е резултат на несреќна и стресна околност/настан. Воспитувањето на децата, дури и со двајца родители може да биде напорна работа, па за еден миг замислете се на местото на оние луѓе кои ја вршат целата работа соло.
Деца на самохрани родители се Барак Обама, Анџелина Џоли, Џулија Робертс, Еди Марфи, 50 Сент, Деми Мур, Хали Бери, Пирс Броснан, Мараја Кери, Мерлин Монро, Киану Ривс, Џоди Фостер, Барбара Стрејсенд, Ал Пачино, и Адел, и неспорно е дека самохраните родители можат да подигнат многу талентирани, успешни луѓе.
Ако сте дете на самохран родител, искористете го овој ден за да и/му покажете колку ја цените нејзината/неговата напорна работа!