04/11/2025
Несоработка помеѓу Директорот и Заменик-директорот на КПУ – КПД Идризово
Според информации од вработени, во Казнено-поправната установа Идризово моментално постои сериозна несоработка помеѓу Директорот и неговиот Заменик.
Додека Директорот ЗОКИ е на службен одмор, наместо овластени насоки и инструкции да ги преземе Заменик-директорот, согласно член 31 и 32 од Законот за извршување на санкции, овластувањето било пренесено на раководител на сектор, кој наводно ја злоупотребува службената положба.
Како резултат на ова, работните процеси се одвиваат со задоцнување, а осудените лица во приемното одделение чекаат подолго од потребното за административна обработка и распределба.
Состојбата предизвикува дополнителен застој во функционирањето на установата и создава тензии меѓу персоналот.