28/05/2020
Нашите чекори за во иднина се да продолжиме со продажната промоција во основните и средните училишта со цел да ги информираме учениците за штетните влијанија од употребата на пластични шишиња, врз нивното здравје, врз животната средина, врз нивниот домашен буџет. Во реализацијата на нашата еколошка идеја во иднина би сакале да вклучиме што повеќе ученици во ученичката компанија на СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје т.е. во тимот на „Алтер“ и заеднички да продолжиме во реализацијата на нашиот еколошки бизнис план.