Bookland.mk

Bookland.mk Вашето омилено книжевно катче 📚 Зачекорете во магичниот свет на книгите 💫

Специјализирана продавница за книги на македонски и англиски јазик. Најактуелните наслови ве очекуваат на нашите полици. Посетете не и пронајдете ја вашата следна омилена книга.

28/04/2026

A good book, hallelujah. Life is good, hallelujah 🙏🏼📖🤍

📖 Нова книга во издание на Букленд од бестселер авторката на “Тајната аптека” ✨ “Проклетството на Амалфи” ги спојува маг...
27/04/2026

📖 Нова книга во издание на Букленд од бестселер авторката на “Тајната аптека” ✨ “Проклетството на Амалфи” ги спојува магијата од стариот свет и модерната мистерија со пријатна нота на љубов!

Моќно вештерство. Потрага по потонато богатство. Забранета љубов на отворено море. И една клетва стара со векови…

Поморскиот археолог Хејвен Амброуз пристигна во сончевото Позитано за да ги истражи мистериозните бродоломи покрај брегот на Амалфи. Сепак, Хејвен се надева дека ќе најде нешто многу повредно од остатоци од бродоломи и стари реликвии под азурните води; таа тајно е во потрага по непроценливото богатство што нејзиниот татко го открил за време на неговото последно нуркање. Но, набрзо по нејзиното пристигнување, се појавуваат чудни витли во водата и се случуваат несреќи на отворено море кои ги загрижуваат мештаните. Дали се работи само за природна појава или за нешто многу позлокобно?

Додека Хејвен е во потрага по потонатото богатство, ќе открие приказна стара со векови за древно вештерство и за мисијата на една жена да ги спаси своето село и својот љубовник, еден млад морнар, фрлајќи магија за да ја искористи моќта на морето во своја полза. Дали оваа клетва можеби стои и зад најновите катастрофи во Позитано? Хејвен мора да го разгатне проклетството на Амалфи пред регионот да биде уништен засекогаш...

23/04/2026

🎀 Нова книга во издание на Букленд! 🙌🏼 Од авторката на “Тајната аптека”, ни доаѓа опојна приказна што ги спојува магијата од стариот свет и модерната мистерија со пријатна нота на љубов!

📖 “Проклетството на Амалфи” ➡️ Моќно вештерство. Потрага по потонато богатство. Забранета љубов на отворено море. И една клетва стара со векови…

Поморскиот археолог Хејвен Амброуз пристигна во сончевото Позитано за да ги истражи мистериозните бродоломи покрај брегот на Амалфи. Сепак, Хејвен се надева дека ќе најде нешто многу повредно од остатоци од бродоломи и стари реликвии под азурните води; таа тајно е во потрага по непроценливото богатство што нејзиниот татко го открил за време на неговото последно нуркање. Но, набрзо по нејзиното пристигнување, се појавуваат чудни витли во водата и се случуваат несреќи на отворено море кои ги загрижуваат мештаните. Дали се работи само за природна појава или за нешто многу позлокобно?

Додека Хејвен е во потрага по потонатото богатство, ќе открие приказна стара со векови за древно вештерство и за мисијата на една жена да ги спаси своето село и својот љубовник, еден млад морнар, фрлајќи магија за да ја искористи моќта на морето во своја полза. Дали оваа кле�

📖 САЕМСКИ ПОПУСТ go -40% во нашата книжарница и онлајн на веб cajmom www.bookland.mk🌸 Попуст на стотици книги🎀 Подарок б...
23/04/2026

📖 САЕМСКИ ПОПУСТ go -40% во нашата книжарница и онлајн на веб cajmom www.bookland.mk

🌸 Попуст на стотици книги

🎀 Подарок букмаркер од новата лимитирана koлекција

🚙 Бесплатна достава за нарачки над 1200 ден.

📚 Ве очекуваме во вашето омилено книжевно катче вооружени со многу нови наслови и најдобри предлози за читање. На нашите полици се наоѓаат најатуелните
наслови, што дефинитивно заслужуваат да бидат дел og вашата домашна библиотека... 🙌🏼

📜 Денес, 23 април, се одбележува Светскиот ден на книгата. Започнувајќи од 1995 год, овој ден е посветен на книгољупците...
23/04/2026

📜 Денес, 23 април, се одбележува Светскиот ден на книгата. Започнувајќи од 1995 год, овој ден е посветен на книгољупците низ целиот свет.

23 април (“Денот на розите”) е неслучајно одбран уште во далечната 1923 година во Шпанија. Продавачите на книги меѓусебно се договориле да му искажат почит на Мигел де Сервантес, кој починал на овој датум. Идејата поттикнала менување на книги наместо рози, како што проповедала дотогашната традиција.

Во 1995 год, УНЕСКО го официјализира датумот како “Светски ден на книгата”, затоа што токму на овој датум починале Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир.

Со која книга ќе го одбележите вие овој ден? 📖✨

📖 “Убиствата во Флит хаус” ➡️ Ненадејната смрт на еден ученик во Флит хаус, во Свети Стефан - мало приватно интернатско ...
18/04/2026

📖 “Убиствата во Флит хаус” ➡️ Ненадејната смрт на еден ученик во Флит хаус, во Свети Стефан - мало приватно интернатско училиште во срцето на Норфок - е стаписувачки настан, што директорот од се срце се обидува да го нарече трагичен инцидент. Меѓутоа, локалната полиција не може да исклучи насилство, па случајот го забрзува враќањето на познатиот детектив инспектор Џезмин „Џез“ Хантер во редовите на полициските сили. Таа има свои лични причини поради кои ја напуштила кариерата во Лондон, па неволно се согласува да ја води истрагата, правејќи му услуга на својот поранешен шеф.

Одново, рамо до рамо со лојалниот наредник Алистер Мајлс, таа влегува зад затворените врати на училиштето. Но, по започнувањето на истрагата поврзана со околностите околу трагичната смрт на Чарли Кевендиш, настаните наскоро добиваат нов, вознемирувачки пресврт. Вработените ги збиваат своите редови, ама исчезнувањето на младиот ученик Рори Милер и смртта на еден од постарите професори и откриваат важни траги на Џез, коишто понатаму ја усложнуваат полициската истрага. И, кога снегот почнува да го побелува пејзажот и откако ќе исчезне уште еден осомничен, Џез ќе мора да се соочи со сопствените демони.

И потоа, едно особено мрачно откритие ја претвора истрагата во најпредизвикувачкиот случај во нејзината кариера. Затоа што Флит хаус крие толку мрачни тајни, што дури ни Џез не можела да ги замисли...

📖 Приказните за волшебните авантури на Биби и Боби и нивните пријатели, може да ги најдете во нашата книжарница и онлајн...
16/04/2026

📖 Приказните за волшебните авантури на Биби и Боби и нивните пријатели, може да ги најдете во нашата книжарница и онлајн на www.bookland.mk 🌸

Кога ќе ме прашаат зошто купувам толку многу книги: На книжевен режим сум, доаѓа лето 🤣
16/04/2026

Кога ќе ме прашаат зошто купувам толку многу книги: На книжевен режим сум, доаѓа лето 🤣

📖 “Пурпурни срца” ➡️ Кеси Салазар и Лук Мороу се две сосема различни личности. Остроумната Кеси навечер работи во бар во...
15/04/2026

📖 “Пурпурни срца” ➡️ Кеси Салазар и Лук Мороу се две сосема различни личности. Остроумната Кеси навечер работи во бар во Остин, Тексас за да скрпи крај со крај додека цели кон сонот да стане пејачка/композиторка. Лук тренира во војската, назначен е да замине на должност, и наоѓа утеха во суровата дисциплина во службата. Но, една случајна средба во барот на Кеси го менува текот на нивните животи.

Кеси има мака да ги отплати медицинските сметки откако ѝ дијагностицираа дијабет. Кога наидува на својот стар пријател Френки, кој сега е пријавен во војската, таа му нуди договор: ќе се омажи со него во замена за подобро здравствено осигурување, а тие ќе можат да ги поделат парите што доаѓаат како придобивка од имањето „семејство“. Кога Френки ја одбива, неговиот привлечен, но иритантен пријател Лук се пријавува како доброволец да се ожени со Кеси. Она што таа не го знае е дека и тој има очајни причини поради кои сака да стапи во брак.

Во оваа незаборавна љубовна приказна, Кеси и Лук мора да ги тргнат настрана нивните различности со цел нивниот брак да изгледа вистински. Освен, ако некаде попат, не се претвори во вистински...

Тоа е единствениот начин 🤣🤭
15/04/2026

Тоа е единствениот начин 🤣🤭

Книга, мача и свежо цвеќе, и сѐ е веднаш порозово✨🎀🌸🫧🩰
14/04/2026

Книга, мача и свежо цвеќе, и сѐ е веднаш порозово✨🎀🌸🫧🩰

Address

Petricka Br. 6
Skopje

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 10:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00
Saturday 10:00 - 18:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bookland.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Bookland.mk:

Share

Category