23/05/2023
Ovaa Sabota od 15:00h Alembik vo Platform 0.10
„Алембик“ се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас гитара, мандола, вокал) и Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин). Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи (оттука и идејата позади името). Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 и е посветен на конфликтот, но и возможната симбиоза на природата и технологијата, инспириран подеднакво и истовремено од звукот на градскиот метеж колку и од птичји и китовски песни.
Досега имаат реализирано настапи како дел од програмата на „Млади за Скопје“ (ноември, 2020), како и фестивалот „Добра Идеја“, како и видео настапите како дел од програмата на Културен Центар – „Јадро“, “Voice of Youth” во организација на Youth Council, на емисијата “HelloGoodbye” на радио Амок, „Звуци на Современоста“ како дел од манифестациите во чест на 8ми септември во Претседателската резиденција, „Earth Day Art Model“, Филмскиот Фестивал „Ѕирни 04“, „Градот како сцена – изгубени модернистички утопии“, како дел од МОТ, во продукција на АКТО итн. Настапувале неколку пати во културниот центар „Квака 22“ во Белград, како и во големата сала на Коларац како дел од Белградските променади. Својата концертна промоција на првиот албум ја реализираа во Аудиокултура како дел од “Крај Вардарот" сесиите во организација на ПМГ Продукција.
This domain may be for sale!