13/05/2025
📣БИДИ И ТИ ДЕЛ ОД FOOD REPUBLIC!
Стани дел од највкусната република на храна
🌱Нашата Република расте со полна пареа, отвораме нови хоризонти и го славиме животот преку вкусовите! Ова не е само работа- ова е љубов кон храната, спој на искреност, пријателство и гласна смеа покрај шпоретот.
🍅Тука храната не е само храна. Кај нас се готви „вкусот на слободата“ - со блуз на зачини, хармонија на состојки и душа во секое јадење. А за таа магија да продолжи, ни требаат нови пријатели во тимот!
Ве бараме токму Вас - насмеани, енергични, љубопитни млади луѓе, полни со желба да учат и напредуваат!
Во моментов сме во потрага по супер колеги за следниве позиции (со полно работно време):
👩💼• АСИСТЕНТ за административни работи
(без искуство, само добри компјутерски вештини и „англиски во џеб“)
🤵• ПРОДАВАЧ
(искуството е добредојдено, англискиот се подразбира, но најважен е шармот)
👩🍳• ЛИЦЕ ЗА РАБОТА ВО КУЈНА
Дали си готвач во душа? Со или без искуство – ако имаш желба, ќе те научиме сè
🤵• КЕЛНЕР
Ако знаеш да услужиш со насмевка, го знаеш англискиот, те сакаме со нас!
🔴Ние бараме луѓе а не биографии. Ако си чесен, топол човек со желба да работиш и напредуваш, кај нас ќе најдеш тим што ќе те поддржи. Се договараме на лице место, во Food Republic.
☎Те чекаме!
Јави ни се на 047 614 677, секој ден од 10 до 24 часот и започни ја својата гастрономска авантура со Food Republic.
🍀Биди и ТИ дел од Food Republic!